Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната сообраќајна контрола, при што анкционирани се 92 возачи на мотоцикли. Од нив, 47 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 27 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Во Охрид од страна на СВР Охрид констатирани се 11 прекршоци.

На 06.09.2021 година на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола на прекршоците што ги прават возачи на мотоцикли, при што биле констатирани 11 прекршоци. Биле откриени и 11 останати прекршоци, велат во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

OhridNews