На конститутивната седница што се одржа претпладнево на предлог на новоформираната Комисија за верификација, избори и именувања, беа потврдени мандатите на 23 членови на советот на општина Охрид.

Во наредните четири години интересите на граѓаните на Охрид ќе ги застапуваат: Константин Георгиески, Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, Бесим Демиров, Џенгиз Реџеп, Марија Попоска, Филип Јованоски, Рената Арнаудова, Ристо Булоски, Кирил Пецаков, Гордана Коњаноска, Снежана Стефаноска, Илија Арнаудоски, Гоце Георгиески, Лидија Петкоска, Александар Попоски, Славица Петровска, Џанер Исмаил, Деан Шикоски, Нефи Усеини и Џемал Мена. 

Советот денеска не избра претседател бидејќи, како што информираа координаторите на советничките групи, преговорите околу ова прашање се уште течат. 

OhridNews