Во рамките на Јавниот Повик за Финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2011 година, Одделението за ЛЕР при Општина Охрид, организира консултативна средба со сите заинтересирани потенцијални апликанти.

Средбата ќе биде во насока на објаснување на целите на Јавниот повик, начинот и методите за аплицирање, како и разјаснување на сите прашања на заинтересираните страни. Консултативната средба ќе се одржи на ден среда – 20- ти април, со почеток во 10 часот, во просториите на  Секторот за ТЛЕР.

OhridNews