Британската тенисерка Јохана Конта го освои трофејот на мастерс турнирот во Мајами совладувајќи ја Каролин Вознијацки во два сетови (6-4, 6-3) за еден час и 36 минути игра.


Првиот сет изобилуваше со брејкови, но Конта одлучувачкиот го направи во деветтиот гем при резултат 4-4. На свој сервис не погреши и го освои првиот сет со 6-4.

Во вториот сет Британката освои три гемови на сервисот од Вознајацки и ја осигура првата титула од мастерс турнирите.


Женското финале е најава за машкото во кое ќе се сретнат старите и големи ривали Рожер Федерер и Рафа Надал.

OhridNews