Екипата на Барселона извлече позитивно реми во Лондон, откако дуелот со Стемфорд Бриџ со Челси заврши без победник (1-1). „Сините“ беа конкретни и не и дозволија на Барселона да се размавне. Гостите од Ноу Камп до изедначувачкиот погодок и позитивното реми стигнаа после грешката на домашниот состав.

– Бевме многу, многу блиску до перфектен меч и резултат. Една грешка која никако не смеевме да ја направиме на нашата половина не чинеше многу. Жал ми е, бидејќи играчите одработија се како што се договоривме освен грешката по која Барселона изедначи. – изјави менаџерот на „сините“, Антонио Конте.

Бразилецот Вилијан беше најголема опасност за голот на Барселона, Андре Тер Штеген. Токму, Вилијан со одмерен удар од 16-тина метри донесе водство за Челси.

– Среќен сум поради голот и начинот на кој игравме, но многу разочаран поради резултатот. Мислам дека заслуживме да победиме, бидејќи имавме позрели шанси и погодок кој го примивме беше од наша грешка. Немав среќа при двата удари кон голот во првиот дел, но ја погодив целта во третиот обид. Во одреден момент од тренинзите шутиравме од вакви позиции, бидејќи Барселона остава голем простор за такви обиди. – рече Вилијан.

На Ноу Камп на Челси не му одговара реми без голови поради голот примен на домашен терен, а пламан понатаму англискиот премиерлигаш ќе обезбеди со било каква победа и реми со два постигнати погодоци.

OhridNews