Италијанскиот стручњак Антонио Конте избегна да се ракува со Жозе Мурињо после дерби сребдата помеѓу Челси – Манчестер Јунајтед која им припадна на домаќините. „Сините“ победија со голот на Алваро Мората, а „црвените ѓаволи“ одново имаа настап за заборав.
– Не ми смета што изостана ракување со Жозе Мурињо после мечот. Важно е да се победиш во вакви дерби средби во кои бодовите многу значат. Победата над Манчестер Јунајтед е многу важна за нас, бидејќи имавме лош меч во Рим против Рома во ЛШ. Покажавме дека можиме и дека знаеме, нешто што минатата сезона ни беше практика. Мораме да го вратиме победничкиот дух кој ќе не води до нови успеси. – изјави Конте.
Интересна случка имаше и пред почетокот на мечот поврзана со Мурињо. Португалецот ги пречека и поздрави со сите фудбалери кои ги тренираше освен Еден Хазард со кој разменија само ладни погледи. Иначе, Конте и Мурињо во клинч влегоа минатата сезона кога Португалецот му замери за радувањето на италијанскиот тренер за четвртиот гол во триумфот 4-0 на Стемфрод Бриџ.
OhridNews