Антонио Конте, поранешниот тренер на Јувентус, демантира било какви преговори за негов ангажман во францускиот шампион Пари Сен Жермен. – Прочитав дека моите агенти имале контакти со ПСЖ. Бидејќи немам агенти, ниту менаџери, можам само да кажам дека тоа што се пласира во медиумите е шпекулација“, рекол Конте за новинската агенција ANSA.
Конте, пред една недела поднесе нотповиклива оставка на клупата на Јувентус, екипа со која три сезони по ред ја освојуваше шампионската титула во Серија А. Според италијанските медими тој е најсериозен кандидат за селектор на Италија.
Се намалува казната на Суарез ?
Судот за арбитража во спортот (CAS) во Лозана ќе му ја намали суспензијата на Луис Суарез, пренесува специјализираниот фудбалски портал Goal.com. Уругваецот, на СП го гризна за рамото Џорџо Кјелини, поради што ФИФА му изрече четиримесечна суспензија.
Иако, Барселона чиј член Суарез стана пред десетина дена нема право да ја обжали пресудата, тоа право го имаат фудбалерот и Фудбалскиот сојуз на Уругвај, сепак каталонскиот клуб ги покренал сите механизми за да му биде намалена казната на напаѓачот.
„Сега кога предметот стигна во CAS, голема е веројатноста дека казната ќе биде намалена. По сè изгледа суспензијата ќе се однесува за настапите во репрезентацијата, а не и за настапите во клубот“, пренесува Goal.com, повикувајќи се на неименуван извор во Судот во Лозана.
Судиите на CAS, наводно се согласуваат со констатацијата дека казната на ФИФА е престрога, што и дава надеж на Барселона дека скапо платениот Суарез ќе биде во тимот од почетокот на сезоната.
Сепак, од друга страна не треба да се заборави дека CAS во 95 отсто од случаите ги потврдувал пресудите на ФИФА.
“макфакс“