Антонио Конте е “само“ петтиот италијанец кој ќе седне на жешката клупа на Челси, после Џанлука Виало, Клаудио Раниери, Карло Анчелоти и Роберто Ди Матео. Конте потпиша тригодишен договор до 2019 година, според кој ќе заработува околу 20 милиони евра.

Прв воопшто италијанец на клупата на Челси беше Џанлука Виали кој во февруар 1998 година, дојде на местото на Руд Гулит. Виали освои пет трофеи за помалку од три години колку што беше на кормилото на “сините“. Првите два беа во Лига купот и Купот на Европските куп победници кога Челси го совлада Штудгарт со 1-0 во финалето. Наредниот трофеј беше во Европскиот супер куп по триумфот над Реал 1-0. Во 2000 година тимот на Виали ја совлада Астон Вила освојуваќи го ФА купот. Последниот во низата беше Черити Шилд купот откако “сините“ го совладаа Манчестер Јунајтед. По само пет меча во сезоната Виали по серијата слаби резултати беше отпуштен.

Вториот Италијанец кој го предводеше Челси во периодот од 18 Септември 2000 до 30 Мај 2004 беше Клаудио Раниери. Но, тој не беше така успешен како неговиот претходник. И покрај силниот тим на Челси во 4 години Раниери не успеа да освои ниту еден трофеј. Тој беше првиот менеџера во ерата на Роман Абрамович.

По двете титули со Милан во Лигата на Шампиони, Карло Анчелоти (2009-2011) беше доведен во Челси за да ја освојат Европа. Со Анчелоти на клупата во првата сезона Челси ја освои “двојната“ круна (Премиер и ФА Куп) за прв пат во историјата на клубот. Но, неуспехот во Европа, Анчелоти го плати со отказ по помалце од две сезони.

Друг помалце неочекувано Италијанец го реализираше сонот на Роман Абрамович. Тоа беше поранешниот фудбалер на Челси и италијански репрезентативец Роберто Ди Матео. Го замена Андре Виљаш – Боаш и ги водеше “сините“ до триумф во ФА Купот и Лигата на Шамиони победувајќи го Баерн на пенали и тоа во Минхен.

Но, тој после само шест месеци го плати цехот на слабите резултати во сезоната и беше отпуштен. Антонио Конте е 10. менаџер во ерата на Роман Абрамович. Претходните девет со исклучок на Гус Хидинк заработија откази и не го реализираа постигнатиот договор до неговиот крај.

OhridNews