Менаџерот на Челси, Антонио Конте застана во одбрана на својот колега од Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо, откако се отвори сагата за трансфер на Ромелу Лукаку на „Стемфорд Бриџ“.
Мурињо пред три и пол сезони ги пушти Лукаку и Кевин де Брујне да заминат од клубот. Двајцата фудбалери се развија во светска класа, а „сините“ посакуваат Лукаку да го вратат во своите редови, додека со Де Брујне тоа невозможна мисија.
– Како тренер тешко е постојано да носиш прави одлуки. Некогаш мислите едно, а во иднина се случува нешто друго. Играч од кој малку очекувате во првата или втората сезона после три или четири сезони ќе биде фудбалер од светски калибар, можеби затоа оваа работа толку интересна. – рече Антонио Конте околу новинарското прашање за заминување од Лукаку и Де Брујне од Челси.
Конте и Мурињо сезонава имаа жестоки дуели во текот на мечевите меѓу Челси и Манчестер Јунајтед, но тие очигледно остануваат на теренот, бидејќи Италијанецот го одбрани од нови критики предводникот на „црвените ѓаволи“.
OhridNews