Селекторот на италијанската репрезентација Антонио Конте го врати Марио Балотели во селекцијата, а го отпиша Андреа Пирло за мечот со Хрватска во евроквалификациите.
Конте пред месец дена го острани Балотели од селекцијата поради лошата форма и однесување кое не беше на ниво од професионалец.
По подолго време повик меѓу „азурите“ се најде Стефан Ел Шарави, кој поради повреда не настапуваше речиси цела година.
Нападот покрај контровезниот Балотели ќе го предводи фудбалерот на Саутемтон, Пеле, кој сезонава е вистински хит во Премиер лигата.
Мх.П.