Менаџерот на „сините“, Антонио Конте со купувањето на Антонио Рудигер од Рома ги залечи раните за неуспешниот обид за враќање на Ромелу Лукаку на Стемфорд Бриџ.

Германскиот репрезентативец во редовите на Челси се пресели од Рома, а актуелниот шампион за услугите на дефанзивецот на италијанскиот калчолигаш му исплатија 31 милиони фунти.

24-годишниот фудбалер се обврза на верност од пет години со „сините“ и треба да преставува големо засилување во срцето на одбраната.

Природна позиција на Рудигер му е стопер, но може да дејствува и како бек потреба. Репрезентативецот на Германија е прво засилување за Челси, а според најавите нема да биде последно.

OhridNews