Селекциите на Хрватска и Италија ќе ги одмерат солите во шестата рунда од квалификациите за Европското првенство во Франција, а мечот во Сплит ќе се одигра пред празни трибини.


Италијанскиот селектор Антонио Конте смета дека играњето на празен стадион е хендикеп за двете екипи, а не само за домаќинот во случајов Хрватска.

– Фудбалот не е убав кога се игра пред празни трибни. Публиката и страствените навивачи се ветар во грбот на екипата, и тоа многу ќе ни недостасува. – рече селекторот на „азурите“.

„Коцкастите“ имаат пол позиција во групата пред одлучувачкиот натпревар со италијаните кои имаат два бодови помалку на втората позиција.

– Мечот не е одлучувачки, но ќе биде многу тежок. Хрватите се јаки и имаат квалитетната селекција, а тоа за нас е мотив повеќе. Хрватска покажа заби на првиот меч одигран во Милано, каде реално ние бевме подобри. – додаде околу дуелот селекторот Конте.

Натпреварот се игра во 20:45 часот, а покрај овој на програмата уште се дуелите меѓу Малта – Бугарија и Норвешка – Азербејџан.

Мх.П.