„Црвените“ од Енфилд ќе извисат и ќе останат со празни раце, откако нивната големата желба, Вирџил ван Дајк од редовите на Саутемптон во зимскиот преоден рок најверојатно ќе го засили тимот на Манчестер Сити кој победнички маршира кон титулата во Премиер лигата.

Речиси договорениот трансфер на Ван Дајк го „налути“ менаџерот на Челси, Антонио Конте кој изјави дека не ќе можат да се борат со „граѓаните“ ако тие ги ангажираат најдобрите фудбалери.

– Секој клуб ќе мора да посвети поголемо внимание на трансфер пазарот, бидејќи Манчестер Сити ги собира најдобрите играчи на трансфер пазарот. Ќе биде многу тешко да се бориме со нив во Премиер лигата, а ќе им биде тешко и на екипите во Европа. – изјави италијанскиот стручњак.

Манчестер Сити за услугите на Ван Дајк ќе му исплатат 70 милиони фунти на Саутемптон, а тимот на Ливерпул понуди најмногу 55 милиони фунти за холандскиот дефанзивец кој последниве мечеви ги преседа на клупата или на трибините.

OhridNews