Италијанскиот стручњак Антонио Конте најави враќање во фудбалот и веднаш до него стигнаа пет понуди од реномирани фудбалски клубови.

 

Конте паузира оваа сезона, откако немаше пријателско разделување со Челси, каде ги помина последните две сезони. Италијанецот и „сините“ завршија на суд, а стратегот си ги доби парите, но мораше да биде без работа.

На адреса од Конте понуди пристигнаа од Јувентус, Рома, Интер, Милан и германскиот клуб Баерн Минхен. Конте изјавил дека ќе ја одбере најдобрата односно таа понуда која ќе има најдобар проект.

50-годишниот стратег тренерската кариера ја има започнато Сиена, продолжи во Аталанта и Бари, а го водеше Јувентус и италијанската репрезентацијата.

OhridNews