Италијанскиот селектор Антонио Конте по напуштањето на Јувентус минатата година имал отворена понуда од Милан, која ја одбил.


Неговиот агент Мино Раилоа за италијанскиот „Газете дело спорт“ откри дека пресудила поданоста и љубовта кон Јувенутс.

– Недели, недели се убедувавме безуспешно. Во еден момент мислев дека ќе попушти, но тогаш ми рече дека Милан не е доволен предизвик за него. Јас сум убеден дека тој ги одби „росонерите“ поради големата љубов кон Јувентус и моментите минати во тој клуб.  – рече Раиола.

Конте подоцна беше промовиран за селекторот на „азурите“, на клупата од Милан седна Филипо Инзаги, а местото на Конте во Јувентус го пополна Масимилијано Алегри.

Мх.П.