Екипата на Тотенхем со триумф (2-0) стави точка на победничката серија на Челси во Премиер лигата која траеше цели 13 натпревари.
На „сините“ им недостасуваше уште една победа го изедначат рекордот на Арсенал стар 14 години.
– Штета, што не го продолживме победничкиот низ, но Тотенхем е добра и квалитетна екипа која до самиот крај на првенството ќе се бори за високите места на табелата. Знаевме и свесни бевме дека ќе се случи овој момент и сега треба да одговориме со иста мера како и на почеток од оваа победничка серија. – изјави Антонио Конте после натпреварот.
И покрај поразот фудбалерите на Челси остануваат лидери на табелата со пет бодови предност од второпласираниот Ливерпул.
Тотенхем го распарчи победничкиот концепт на Челси (видео)
OhridNews