Шампионот во Англија, Челси го положи оружјето на „Олимпико“ во Рим претрпувајќи пораз од Рома (3-0) во дербито од Ц групата. „Сините“ го претрпеа првиот пораз во фазата по групи после двете победи и ремито со Рома на „Стемфорд Бриџ“.
– Многу сум разочаран и сите мораме да се соочиме со одговорноста за поразот. Кога противниците ќе постигнат три голови морате да бидите загрижени, бидејќи многу нешта не функционирале во тимот. Ќе мора детално да ја анализираме средбата со Рома и да поработиме на тактиката и реализацијата. Ако постигневме голови од шансите немаше да се доведеме во ситуација да претрпиме висок и загрижувачки пораз. – изјави италијанскиот стручњак, Антонио Конте.
Со триумфот римската волчица се искачи на првата позиција во групата и една победа ја дели од математичко обезбедување на место во нокаут фазата. Во иста ситуација се наоѓа и Челси кој е второпласиран со бод помалку од Рома, а со четири предност од Атлетико Мадрид.
OhridNews