Стратегот на Интер, Антонио Конте лут беше на судиите после поразот од Барселона (2-1) на Ноу Камп во рамките од втората рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони. Италијанскиот стручњак рече дека главниот арбитар Дамир Скомина ја фаворизирал Барселона која со пресврт во второто полувреме стигна до победа и трите бодови.

  • Многу сум разочаран и огорчен. Не сакам да го кажам ова но морам, бидејќи Скомина донесе неколку одлуки на страна од Барселона. Многу работи околу судењето не ми се допаднаа од почетокот на натпреварот. На судиските дресови пишува респект па и самиот судија мора да покаже респект за двете екипи кои играат и се борат на теренот. Тој е меѓународен судија и има многу искуство, минатата година го судеше финалето во ЛШ и не би требало да потпадне под притисок. – изјави Конте.

Во третата минута од натпреварот, „нероазурите“ поведоа со голот на Лаутаро Мартинез а пресврт го најави и реализираше Луис Суарез со два голови. Интер после два одиграни натпревари во ЛШ има еден бод, додека Барселона со четири поени го дели врвот во групата со Борусија Дортмунд.

OhridNews

ЛШ: Барселона го слави Суарез (видео)