Фудбалските стручњаци Антонио Конте и Виченцо Монтела имаа спротивен учинок на дебито во своите нови екипи Челси односно Милан.
„Сините“ во Виена од составот на Рапид претрпеа пораз 2-0 додека „росонерите“ со 2-1 славеа над француски Бордо. Стрелци на головите за миланезите беше Сусо во 28-та и 38-та минута од натпреварот.
За издвојување од многуте контролни мечеви се поразот (1-0) на Борусија Дортмунд од Минхен 1960 и победите на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед над Липштад (4-3) односно Виган (2-0).
OhridNews