Менаџерот на Челси, Антонио Конте има две победи во исто толку мечеви во една сезона против Пеп Гвардиола како никој тренер до сега. Шпанецот од 2007 година кога ја презеде Барселона нема претрпено два порази од иста екипа во еден шампионат, но четатата на Италијанецот со 2-1 го совлада Манчестер Сити и прослави „двојна“ победа.
Триумфот покрај место во историјата на Конте на „сините“ им донесе чекор напред кон освојувањето на титулата во Премиер лигата. – Многу сум задоволен од победата над Манчестер Сити кој го има најдобриот тренер на светот на клупата. Уморни се играчите, уморен сум и јас, бидејќи ги преживав сите моменти во текот на мечот од аут линијата со играчите. Во овој дел од сезоната притисокот е многу голем над играчите. Пред овој меч незаслужено изгубивме, а реакцијата на фудбалерите беше феноменална, како ништо да не се случило. – изјави Конте.
Во следната рунда „сините“ гостуваат кај составот на Бурнмаут кој успеа да извлече бод на Енфилд ремизирајќи 2-2 со Ливерпул.
OhridNews