По повод 5-ти Јуни, Светскиот ден на животната средина, Секторот за внатрешни работи Охрид спроведува превентивна акција со која ќе се врши контрола на системот за испуштање на согорени гасови и користење несоодветно гориво на моторните возила.
За таа цел, на улицата „7-ми Ноември“, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе постави контролен пункт, каде ќе се врши контрола и упатување на возилата на вонреден технички преглед.
„Со овие активности, како обид за подигнување на еколошката и безбедносната култура кај учесниците во сообраќајот, СВР Охрид дава придонес и се вклучува во одбележувањето на 5-ти јуни светскиот ден на животната средина.“ – велат од СВР Охрид.
Оттаму информираат дека полициските службеници ќе вршат и други еко-активности за расчистување и разубавување на полициските станици на подрачјето на СВР Охрид.
Инаку, акцијата се спроведува во соработка со Здружението на возачи Охрид и Авто-мото друштвото „Технички преглед на возила“ Охрид.