Ракометната репрезентација на Македонија, во комплетен состав, ги продолжува подготовките за претстојното Европски првенство, кое во Србија, ќе се одржи од 15 до 29. јануари.

Последен кој пристигна, во базата на Златибор, и му се стави на располагање на селекторот Звонко Шундовски беше капитенот Кирил Лазаров. На Златибор, репрезентативците во најголем дела работат на подобрување на физичката подготвеност, а помал дел од тренинзите е посветен на тактичките варијанти.

Ракометарите, денеска, ќе одиграат подготвителен меч, кој е планирано да биде од затворен карактер, со селекцијата на Црна Гора. Според плановите, по мечот со Црна Гора, репрезентативците ќе се вратат во Скопје.

Македонија натпреварите на Европското првенство ќе ги игра во Ниш, во групата со нашите репрезентативци се уште репрезентативците на Шведска, Германија и Чешка.

“Макфакс“
Ohridnews