Согласно изготвен план, вработени од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, вршат засилени контроли со цел да се спречи бучавата која ја предизвикуваат несовесни моторџии во доцните вечерни часови низ охридските улици.

– Со планот е точно определено на кои пунктови и во кое време од денот ќе се делува и сметам дека граѓаните ќе ги почуствуваат позитивните ефекти од ваквото делување на сообраќајната полиција, вели портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски. 

Тој потенцира дека се вршат редовни контроли независно дали станува збор за улици во централното градско подрачје или пак за периферните делови од градот, се со цел подобрување на на севкупната безбедност и елиминирање на сите негативности поврзани со одвивањето на сообраќајот.

OhridNews