
Во Струга извршени се осум даночни контроли од кои при една е утврдена неправилност во работењето. Контроли се извршени и во Куманово, Скопје, Радовиш и Тетово.
– Координираните контроли на трите институции кои се спроведуваат неколку пати во годината на целата територија на Македонија се насочени пред се кон ризични обврзници кај кои пазарниот инспекторат има сознанија дека не се почитува законот за пушење и не се почитува работното време, а УЈП во делот на регистрирањето на готовинскиот промет, информираат од УЈП.
Со цел легитимирање на ризичните обврзници, на пазарниот и даночниот инспекторат асистира и МВР кои имаат законски овластувања за идентификување на лица.
OhridNews












