Поранешниот фудбалер и капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин ја презентираше автобиграфијата „Второ Полувреме“, која ја разбранува англиската јавност.
Најмногу простор во автобиографијата Кин оддели за времето поминато на Олд Трафорд и неговиот поранешен менаџер Сер Алекс Фергусон. Во 2005 година по кавга токму со менаџерот на „ѓаволите“, Кин го напушти Јунајтед и се пресели во шкотски Селтик
Во еден дел од автобиографијата за Фергусон стои – Му изградија споменик и трибина која се вика по него, а тој ги критикува играчите кои ги направија тие успеси. Тоа не е правилно.
По повлекувањето на Ерик Кантона култната „седмица“ на Олд Трафорд остана без сопственик. За тоа поранешниот ирски репрезентативец има напишано – Фергусон ме повика и ми рече да ја преземам седмицата. Јас одма ја одбив и му реков да му ја предложи на Бекам бидејќи тој е таков играч, а не јас.
Кин на Олд Трафорд мина 12 години освојувајќи седум титули во Премиер лигата, една во Лигата на Шампиони и една на Светското клупско првенство.
Мх.П.












