Хрватскиот шампион, Динамо Загреб во името на Ивалјо Петев има нов тренер. Тој на тренерската позиција го наследи Златко „Цицо“ Крањчар кој си поднесе оставка по лошите резултати во националното првенство.
Новиот тренер на „модрите“, Петев иако млад (41) година зад себе бурно тренерско минато. Бугаринот кој го предводеше Лудогорец во првата авантура во ЛШ имаше блиска и крајно контроверзна средба со навивачите на Левски, откако беше промовиран во нов тренер.
Во минатото, Петев јавно се искажал дека е навивач на ЦСКА. Ултрас навивачите на Левски не го заборавија тоа и на презентацијата го соблекоа Петев кој си поднесе оставка после еден ден.
Последен ангажман на Петев пред преземањето на палката во Динамо беше селекторската функција во Бугарија. Тој ја напушти селекцијата веднаш што го официјализираше соработката со Динамо.
Таквиот развој на настаните предизвика бес и разочарување во Бугарија, а како ќе се врати Петев во својата земја ќе каже времето.
Бугаринот на клупата од Динамо Загреб ќе има огнено крштевање бидејќи ќе дебитира против италијанскиот шампион, Јувентус во Лигата на Шампиони.
OhridNews