Репрезентативецот на Хрватска, Јосип Шимуниќ ќе го памети бидејќи му покажа три жолти картони на една средба, а играчите на Портсмут бидејќи во неделата им поништи гол кој за нив значеше пласман во купот на УЕФА.

Но уште колку други ќе го паметат најчесто по лошо контраверзниот Англиски судија Греем Пол, одговорот е многу.

Најдалеку отидоа од редовите на Челзи, играчите на овој клуб му испратија честитка по повод пензионирањето, со забелешка дека без него фудбалот на Островото ќе биде многу подобар.

Анонимен играч на Челзи, за Англискиот печат изјави: “Верувајте откако се пензионира сите ќе спијат помирно.Ова е најдобрата фудбалска вест во последните неколку години“.

Вчерашнио дуел Портсмут-Арсенал на “Пратон парк“ беше последен во кариерата на Греем Пол.

        Ненад Цветанов