Екипите на Црвена Ѕвезда и Партизан ги поделија бодовите ремизирајќи (1-1) во 153-то „вечно“ дерби во Првата фудбалска лига во Србија.
Фудбалерите на теренот потфрлија одигрувајќи едно од најлошите градски пресметки последниве години, а ништо подобар не беше ниту судијата кој направи кардинални грешки од кои паднаа головите. „Црвено белите“ поведоа со голот на Канга во 37-та минута, а „црно белите“ изедначија во финишот преку Ѓурѓевиќ.
Пофални зборови заслужуваат само навивачите за кореографија и атмосферата на трибините, а не и за инцидентите пред и после натпревар кои нажалост станаа стандардни за „вечното“ дерби.
OhridNews