Еден од најдобрите гитаристи на балканот, Дамјан Пејчиноски, во соработка со клубот Jazz Inn ќе одржи хуманитарен концерт за помош на настраданите жители во поплавените подрачја на Србија и Босна.
Дамјан Пејчиноски ќе настапи со разни џез теми со примеси на џипси, рок, блуз, фолклор и друго.
Средствата собрани од влезниците кои ќе изнесуваат 100 денари како и средствата од потрошените пијалоци (разликата од куповна до набавна цена) ќе се донираат на жиро сметка преку која директно се донира за поддршка на настраданите подрачја од поплавите во Србија и Босна.- информираат организаторите.
Поддршката е навистина скромна, но се надеваме дека и многу други ќе го следат примерот на Дамјан Пејчиноски кој безрезервно ја иницира оваа идеја! – велат организаторите.
Настапот на Дамјан во Jazz Inn е во среда, 21 мај со почеток во 21 часот.
OhridNews
Охриѓани се организираат за помош на настраданите во Србија и БиХ
Отворени пунктовите за помош на Србија и БиХ-охриѓани донирајте!