Во рамките на фестивалот „Охрид те сакам”, утре во спомен куќата на Григор Прличев со почеток од 19:00 часот концерт ке одржи Џовани Сенека, еден од најпознатите гитаристи во Италија.
Сенека има настапувано во големите музички центри: Париз, Берлин, Кан, Њујорк, Филаделфија, Тел Авив, Белград, Сараево, Сплит, Истанбул, Измир, Драч, Каиро, Александрија, Хамамет, Нов Зеланд (турнеја од 12 концерти).
Исто така, настапувал со оркестрите на Симфонискиот оркестар на РАИ, Симфонискиот оркестар на Франција, Оркестарот „Concerts Lamoureux de Paris“, Филхармонијата на Кан, Филхармониите на Анкона и на Удине.
OhridNews