КУД „Дримкол“ од Вевчани денеска во 19 часот во  Македонскиот народен театар во Скопје ќе оддржи концерт со наслов „Едно видување еден век“.

-Темата се однесува на важноста на човечките меѓусебни пријателски односи во општественото денешно живеење, во ова сурово време, потребата од разговор човек со човека. Истото ќе биде презентирано и од членови актери на патувачкиот театар кој работи во склоп на КУД Дримкол, Вевчани. Во делот на фолклорната презентација ќе бидат застапени песни и ора од јужно и западно играорно подрачје, вели претседателот на КУД „Дримкол“, Тошо Чочороски.

Концертот, според Чочороски, е одлична фолклорна приказна за културата, традицијата и за човечката денешна душа загубена во денешното сурово време како и потребата од прифаќањето на човечките вредности.

КУД „Дримкол“ од Вевчани има оставено свој белег во македонската култура и традиција во презентирањето на фолклорното наследство.  Со сериозен однос кон културното наследство и негово презентирање надвор од нашите граници последните години овој ансамбл е преставник на Македонија во Лондон, Париз и многу други светски дестинации негувајќи го нашето историско наследство.

OhridNews