Струшките љубители на народните песни и игри утревечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе имаат можност да го проследат годишниот концерт на Културно уметничко друштво „Илинден“.

Во рамки на предвидената програма, на концертот ќе настапат и членовите на КУД „Балканџии“ и КУД „Трахија” од Бугарија.

Концертот започнува во 19 часот, а влезниците чинат 100 денари.

OhridNews