Авалон продукција деновиве потврди дека е во преговори со една од најголемите рок ѕвезди, Лени Кравиц,  да одржи концерт во Македонија.


Лени Кравиц гостува во Охрид?!

Дефиниран е терминот на концертот-3 август 2008, за време на Илинденските празнувања, соопшти Авалон на својата официјална веб страна.

Луѓето од Авалон, свесни за големината на Лени и за тоа што би добила Македонија за Илинден, и што би значело тоа за збогатување на летната туристичка понуда, би сакале концертот да го организираат некаде на брегот на Охридското Езеро.

Сепак, дали концертот ќе се одржи во Македонија или во една од соседните држави, ќе се знае во наредниот период.

ohridnews