Со концерт на групата Љубојна, што ќе се одржи вечерва во 21 часот на градскиот плоштад во Охрид во рамки на проектот на локалната самоуправа „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, охриѓани и гостите ќе ја дочекаат Стара нова година – Василица.

– Македонска традиционална музика, ноти извадени длабоко од срцето кои раскажуваат за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен звук. На едно место музика за душа во најубавиот град. Дојдете вечерва на Градскиот плоштад во Охрид. Концертот започнува во 21:00 часот, порачуваат организаторите.

Освен најавениот настап на еден од најоригиналните музики состави кај нас, секојдневно на пет сцени низ градот се одржуваат бројни настани со кои се збогатува празничната понуда на Охрид. 

Културните манифестации во рамки на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ ќе бидат заокружени со концерт на групата Фолтин кој ќе се одржи на Водици, 19-ти јануари.

OhridNews