Утревечер, со почеток во 21 часот, во црквата Св. Софија, во рамки на фестивалот “Охридско лето”, е настапот на познатиот  мајстор на кларинет, Чарлс Најдих во пијано придружба од Кацура Мицумото од Јапонија.


Со голема возбуда го очекуваме доаѓањето на Најдих, кој во светот претставува голема атракција и е навистина ретка можност да се види на овие простори. Огромна чест ми претставува тоа што, и покрај сите активности ипреполната агенда, уметникот прифати да дојде во Охрид, макар и на неколку часови а не денови, само за да не почести со свој настап. Посебна благодарност до Амбасадата на САД во Скопје, до г-динот Амбасадор Филип Рикер и г-ѓата Солвеј Рикер, за финансиската поддршка без која немаше да се реализира овој настап. Имено, тие беа фасцинирани од сознанието дека овој уметник има можност да дојде во Македонија, особено што и самите, како што изјави г-ѓата Рикер, патувале специјално само за да го слушнат Чарлс Најдих на концерт со Оркестарот од Минесота, вели музичкиот селектор на фестивалот, Гордана Јосифова Неделковска.

Чарлс Најдих се вбројува меѓу водечките светски изведувачи на дувачки инструменти. Критичарите го нарекуваат „мајстор на својот инструмент и повеќе од кларинетист“. Најдих активно настапува како солист и камерен музичар на концертните подиуми ширум светот, соработувајќи со водечки светски ансамбли.

OhridNews