Оваа национална невладина организација работи со и за млади луѓе развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи го нивното почетно јавно претставување на полето на музичката уметност. МММ се стреми да ја охрабри и насочи потребата за директната комуникација меѓу младите и аудиториумот како со музиката, така и со други културни вредности.
Годинава, Музичката младина на Македонија, во соработка со Музичката младина на Србија, Фондацијата Енфантс Планете Есперанза и со поддршка на Министерствата за култура на Македонија, Србија и Франција ја претставува новата форма на ангажман на млади музичари – проектот ” Jeunesses moving orchestra”. Овој проект ги обединува младите музичари од Македонија, Србија, Романија и други земји за заедничко музицирање и меѓусебна соработка. Оваа година со оркестарот раководи прочуениот диригент Миша Кац (Франција) со кој, по подготовките во Охрид, Оркестарот ќе одржи повеќе концерти во Македонија, Србија, Романија и Унгарија.
На вечерашната програма, е и претставата ‘” Електра”, на Истарско народно казалиште од Пула, Република Хрватска, во режија на Дамир Златај Фреј.
Оваа престава е митска приказна од дамнешни времиња.Но и приказна која воедно денеска вешто не пресретнува и не тера да се загледаме и препознаеме себе,и нашите ставови во ова наше (не) време.Таа никако не е романтична сликовница на грчките митови,туку пукнатина во политичката сфера која подразбира и се однесува на сегашноста. Ликовите не се како кај предходните, јунаци,херои,туку нормални луѓе-дехероизирани,опишани со грубо перо,критички ум и тешка рака.
Дамир Златар Фреј е драмски и оперски режисер,кореограф,драмски писател, костимограф,сценограф,уредник на многу фестивали и театри и режисер на кој не остануваат рамнодушни ни гледачите ни критичарите. Во Љубљана во 1986 година го основа сопствениот театар ,, Кореодрама ,, а зад него остави бројни авторски проекти и претстави во хрватските,босанските,српските,италјанските театри.
Претставата ќе почне во 21 часот и 30 минути во предворјето на црквата “Света Софија”.