Дел од концесионерите на охридските плажи со барање до надлежните да се укине ограничувањето на пловидба на скутерите.Тие сметаат дека одлуката донесена од страна на министерството за транспорт и врски дека е погрешна.


–  Единствена забава на вода која им се нуди на гостите се скутерите. Несреќи се случувале и со глисерите, па нивната пловидба не се ограничува. Оние кои нема да ги почитуваат законските  одредби , меѓу кои и почитувањето на пропишаната оддалеченост од брегот, нека се казнуваат, но не и да се ограничува возењето, вели Дејан Маслов, концесионер на плажа Канео. 

Од охридската Капетанија на пристаништа се децидени- одлуката за ограничување на пловидба на скутерите која стартува на 1 јули останува.


–    Барањето на  концесионерите не го разбирам. Анализите покажуваат дека 90% од луѓето се против возење на скутери  и се за ограничувањето. Не ми е јасно како концесионерите се за да се возат скутерите, ако тие се оние кои ги бркаат нивните гости од плажите и претставуваат опасност за капачите, вели раководителот на охридската Капетанија на пристаништа, Горан Устијаноски.

Toj нагласува дека деновиве се забележани неколку инциденти предизвикани од страна на скутерии на плажа во Лагадин и во струшкиот дел од езерото, но дека се вршат редовни контроли со цел проблемите да бидат отстранети.


Ограничувањето на пловидбата за скутерите почнува од 1 јули  и ќе трае до 31 август, во  времетраење од  11 до 19 часот секој ден.

Т.К.