Ниту еден концесионер од охридските плажи нема склучено договор за подигање, транспорт и депонирање на отпадот, што е нивна законска обврска, информираат од Јавното претпријатие Комуналец, кое е единствениот вршител на оваа дејност на територијата на општина Охрид.


До денес, не е склучен ниту еден договор, па поради тоа за овој проблем го информиравме Државниот инспекторат за животна средина и Секторот за животна средина и просторно планирање при локалната самоуправа на Општина Охрид, со цел да се превземат мерки во рамките на нивните надлежности, велат од ЈП Комуналец.


Одржувањето на хигиената и склучувањето на договор со надлежното претпријатие за подигање на отпадот е еден од условите во договорите за земање на плажите под концесија.  

Ohridnews