Информациите на охридските екологисти дека викендов од пречистителната станица кај албанското село Дрилон,  во езерото биле испуштени поголеми количини вода во која имало зголемено присуство на фосфор, предизвика загриженост кај концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“.

-Доколку се случуваат вакви инциденти, тоа може да има сериозни последици врз целокупниот еко систем на Охридското Езеро и живиот свет кој живее во него, поготово на ендемските видови риба пастрмка и белвица кои се најчувствителни на загадување со фосфор кој предизвикува процеси кои го забрзуваат стареењето на езерото, се вели во реакцијата на концесионерот „Пастрмка 2012“.

Оттаму бараат надлежните институции целосно да го испитаат случајот, како и наводите на екологистите за загадување на езерото предизвикано од честите дефекти на пречистителните станици од колекторскиот систем.

OhridNews