Вкупно 165 проекти за заштита на недвижното и 36 од движното културно наследство се реализирани од страна на НУ Завод и Музеј Охрид во текот на претходните шест години.

Како што инфомираат од НУ Завод и Музеј реставрирани се и повеќе вредни објекти во периодот од 2006-та до 2012-та година.

Реставрирани се вкупно 9 христијански сакрални објекти, 6 исламски и 10 со автентична градска архитектура. Исто така, конзервирани се четири археолошки локалитети, над 300 метри квадратни мозаични подови, како и бедемските ѕидови од Самоливата тврдина.“ – истакна директорката на НУ Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска.

Таа потенцира дека од движното културно наследство,  конзервирани се 3925 монети, 544 предмети од метал, 5 од стакло и 8 стари ракописи.

Исто така, во изминативе шест години меѓу конзервираните предмети се и 28 стрели од железо, 2 оловни зрна, 38 од бронза, 223 од сребро и бронза, 542 текстилни етнолошки, 53 дрвени етнолошки,  457 други вредни предмети воглавно накит, 5 икони, 34 кубури, 161 керамички садови, 5 предмети од злато, 10 од килибар, како и предмети од погребална ритуална кола од локалтитетот Могилка – Делчево.“ – додава Бунташеска Паскали.

Од НУ Завод и Музеј Охрид истакнуваат дека изработени се  и повеќе до 200 елаборати за валоризација и ревалоризација на поединечни заштитени објетки.

Најважен е елаборатот за ревалоризација на стариот дел од градот Охрид, кој е прогласен за заштитена споменичка целина. Врз негова основа, изработен е Законот за Охрид.“ – информираат од НУ Завод и Музеј.

Инаку, за оваа година, НУ Завод и Музеј има предвидено низа активности. Еден од најзначајните проекти ќе биде санација на ѕидовите на Долни Сарај и фасадата од куќата на Јонче Стружанче во стариот дел на градот.

OhridNews