Владата формира
координативно тело чија задача ќе биде да им помага на жителите во руралните средини кои се соочуваат со проблеми, пред се со недостиг на електрична енергија и непроодни патишта во зимски услови. Ова го соопшти министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој заедно со претставници од ЕВН Македонија денес го посети с.Белчишта во
општина Дебарца каде оствари средба со граѓаните засегнати од
временските неприлики.
-Владиното координативно тело континуирано работи со цел утврдување на состојбата на терен и
обезбедување на решенија за овозможување на соодветен пристап, а во
соработка со ЕВН Македонија е овозможено приклучување на електричната
енергија до населените места каде имаше прекин во напојувањето.-стои во соопштението на Министерството за транспорт и враски.
Министерот Јанакиески воедно ги повика општините каде врнежите на снег предизвикаа проблеми во пристапот до населените места да се вклучат преку ангажирање на сите расположливи ресурси со цел надминување на состојбите предизвикани од временските неприлики и овозможување нормални услови за живот на граѓаните во текот на зимскиот период.