– Состојбата ќе се следи постојано и ќе се даваат препораки на граѓаните како да постапуваат во соодветната ситуација, информираше скопскиот градоначалник Коце Трајаноски.
Инаку, во текот на вчерашниот ден во Скопје беше регистрирано загадување неколку пати поголемо од дозволеното. Како мерка за претпазливост на граѓаните им беше препорачано да избегнуваат секаква физичка активност на отворено.