Изброт на младите фудбалери за македонските национални селекци ќе претрпи измени. Во изборот на младите селекци одредени се шест коориднатори кои ќе имаат за задача да ги селектираат најталентираните фудбалери кои преку меѓусебни натпревари ќе го докажуваат својот потенцијал.

Ваквиот, инаку швајцарски модел, ќе се имплементира по насоките кои ги добиле коориднаторите на семинарот одржан уште лани во Цирих.

– Ние треба да ги одбереме најдобрите од  генерција `96 , а при тоа сите фудбалери мора да бидат  дел од првенствата кои ги организира ФФМ. Слободно можам да кажам дека овие млади момци кои ги избравме во нашиот езерски регион беа едни од најквалитетните. Мене како коорaдинатор ми е посебно драго што започнав со овај избор до ’96 и со гордост ги дочекав овие натпревари. Нашата работа и минатиот труд дојдоа до израз, вели Гони Мерко кој е назначен за координатор во југозападниот регион.

Натпреварите се играат пред селекторите до 15 и 17 години, кои подоцна ќе го изберат идеалниот тим. 

– Ќе има уште еден ваков натпревар ќе се изврши селекција и во средината на јуни ќе се одржи десетдневeн камп во Охрид и Дојран каде ќе се прави последната селекција – завршува Мерко.


Тој потенцираше дека охриѓаните Филип Трајковски, Валентин Христовски, Алберт Наџаку, Енгин Реџеп очекува успешно да ги минат сите филтри и да заиграат за  младинските селекции.

М.П.