Селекцијата на Аргентина со убедливи 6-1 го совлада Парагвај во 1/2 финалето и обезбеди натпревар за златниот медал на Копа Америка против Чиле.
„Гаучосите“ во полуфиналето против Парагвај го одиграа најдобриот натпревар на шампионатот торпедирајќи го противникот од секаде.
Од 15-та до 53-та минута аргентинците постигнаа четири погодоци. Прв мрежата ја начна Маркос Рохо, потоа погоди Хавиер Пасторе, а два по ред стрелаше Анхел ди Марија. Печат на победа ставија напаѓачите Кун Агуеро и Гонзало Игуаин кои погодија во 80-та односно 83-та минута.
Иако не постигна погодок капитенот на аргентинците Лионел Меси беше меѓу подобрите играчи на натпреварот.
Ohridnews