Националниот стадион Хулио Мартинез Праданос беше премал да ги собере сите навивачи на Чиле во финалниот натпревар на Копа Америка меѓу домаќинот и Аргентина. Селекцијата на Чиле после подоброто изведување на пеналите ја совлада Аргентина и ја освои првата титула во историјата.
Веднаш, после тоа славјето почна на стадионот, а многу брзо се префрли низ улиците на главниот град Сантијаго де Чиле.
Во неколку мешаници во центарот на градот интервенираше и полиицијата, но според информации нема поголеми штети и повредени навивачи.
Ohridnews