Селекцијата на Бразил ја забележа првата победа на Копа Америка совладувајќи го тимот на Хаити со високи 7-1 во втората рунда од групната фаза.


„Кариоките“ по ремито без голови со Еквадор во првата рунда голгетерски експлодираа, а предничеше Филепе Коутињо кој постигна три голови.

Ренато Аугосто два пати ја погоди мрежата на Хаити, а по еднаш мрежата ја затресија Лукас Лима и Габриел.


Во вториот меч од групата Еквадор и Перу ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2.

Резултати: Бразил – Хаити 7-1, Еквадор – Перу 2-2.

Табела: Бразил 4, Перу 4, Еквадор 2, Хаити 0.

OhridNews