Селекцијата на Аргентина ја забележа втората победа во групната фаза од Копа Америка совладувајќи ја Панама со убедливи 5-0.
„Гаучосите“ до вториот триумф во вториот меч дојдоа на крилата од Лионел Меси кој постигна три од петте погодоци.
Високата победа на аргентинците ја најави Николас Отаменди кој погоди во седмата минута од мечот. Потоа, следуваа трите погодоци од Меси во период од 68-та до 87-та минута, а печат на триумфот стави Серхио Агуеро.
Во вториот меч од групата победа славеше селекцијата на Чиле која со 2-1 ја совалда репрезентацијата на Боливија.
Резултати: Аргентина – Панама 5-0, Чиле – Боливија 2-1.
Табела: Аргентина 6, Чиле 3, Боливија 3, Панама 0.
OhridNews