Селекцијата на Бразил ја запиша првата победа на Копа Америка совладувајќи го Перу со пресврт 2-1.
Перуанците во 3-та минута поведоа со 1-0 искористувајќи ја грешката на потесната бразилска одбрана. Две минути подоцна Нејмар по асистенција на Дани Алвес ја анулираше предноста и изедначи 1-1.
Мрежите мируваа се до 90-та минута кога Нејмар со перфектна асистенција го пронајде Коста Даглас, кој погоди за победа.
Во вториот натпревар од групата Венецуеал со 1-0 ја совлада Колумбија, која е еден од фаворитите за трофејот на Копа Америка.
Мх.П.