Селекцијата на Аргентина е вториот патник во 1/2 финалето на Копа Америка совладувајќи ја Колумбија по изведување на пеналите 5-4 (0-0).
Регуларниот дел и продолженијата завршија без голови благодарание на двајцата голмани кои чуда правеа помеѓу стативите.
Во седмата рунда во пенал серијата се реши победникот кога Муриљо ја промаши, а Карлос Тевез ја погоди целта за пласман во 1/2 финалето.
Покрај „гаучосите“ пласман меѓу четирите најдобри обезбедија домаќинот Чиле и селекцијата на Перу.
Последниот четврти патник во 1/2 финалето ќе биде победникот од дуелот Бразил – Парагвај.
Мх.П.