Репрезентацијата на Парагвај ги комплетираше полуфиналистите на Копа Америка совладувајќи го Бразил по изведувањето на пеналите 4-3 (1-1).
„Кариоките“ во регуларниот дел од натпреварот имаа водство со погодокот на Рубињо, парагвајците во вториот дел израмнија преку Дерлис Гонзалез и мечот замина во продолженија.
Таму не се тресеа мрежите и последниот патник во полуфиналето беше промовиран по изведување на пеналите.
Во полуфиналето Аргентина ќе се сретне со Парагвај додека Чиле ќе ги одмери силите со Перу.
Ohridnews